• /артикли
    • Често поставувани прашања

      Како да го одредите соодветниот број на обувката?

      За на вистински начин да ја одредите големината на стапалото на вашето Дете, потребно Ви е следното:

      1. Лист хартија поголем од стапалото на вашето Дете.
      2. Молив/пенкало.
      3. Лењир или метар.

      Залепете го листот хартија на подот за да не се поместува.

      Застанете го Детето со стапалото на залепениот лист хартија и нацртајте го неговото стапало. Притоа внимавајте  Детето да биде во исправена положба и на себе да има облечено чорапи (со онаа дебелина) кои ќе ги носи во новите обувки.

      Земете лењир или метар и измерете ја должината на стапалото по права линија од врвот на стапалото до петицата. Запишете ја должината на стапалото. Истата постапка повторете ја и за другото стапало бидејќи повеќето од нас немаме стапала со исти димензии. Запишете ја големината од стапалата и при нарачка на обувки користете ги податоците (должината) од поголемото стапало. Детските обувки треба да се малку поголеми (9-15мм) од должината на стапалата.

      Добиените вредности се вистински димензии на стапалата. Се што треба да направите е да ја пронајдете големина на обувки спрема вредностите кои ние ги имаме истакнато на секој наш модел на секој број како должината на влошка (влошка-внатрешниот простор на обувката).

      Колку поголеми треба да се обувките на детето? 

      Најдобрите детски обувки се оние кои ги следат природните движења на нозете, а не оние на кои нозете треба да се прилагодат. Запомнете дека за стабилноста на детето за време на сите негови игри е потребен флексибилен ѓон кој не се лизга.

      Какви обувки за проодување? 

      За да сме сигурни дека стапалата се развиваат здраво, треба да се погрижиме да се движат што е можно послободно. Детските стапала имаат потреба од движења, за да се обезбеди правилен развој. Колку повеќе вашето дете игра, толку здрави и силни стануваат неговите нозе. Најдобар начин е тие да се боси или во соодветни детски обувки.

      Snow boots или кожни чизми?

      Зимските обувки и чизми со мембраната KТЕХ се единствената опција, во кој детето е со топли, суви и проветрени нозе во текот на целиот ден. Обувките со мембраната KТЕХ имаат три одделни слоеви со конкретно намена. По долги часови во снегот обувките изгледаат видливо влажни, но нозете на детето се задржуваат апсолутно суви. Со обувките со мембрани KТЕХ детето може да го помине целиот зимски ден во училиште чувствувајќи се удобно.

       

  • Спореди
    Затвори
    Отвори
    Няма резултат