• advertisement
    • Детските обувки

      Детските нозе растат  секој ден. Убаво е да го измерите детското стапало на секои три месеци. Ова ќе ви помогне да бидете сигурни дека вообичаено користените обувки не се премногу мали и не ги стегаат нозете на вашето дете. 
      Купувајте детски обувки попладне, бидејќи детските стапала стануваат поголеми во попладневните часови од денот (отекуваат). 
      Притискање на врвот на обувките и тестот со палецот не се методи на кои може да се потпрете. Децата автоматски ги собираат прстите доколку осетат притисок врз нив и така може да сте во заблуда дека чевелот е поголем. 
      Детските чевли треба да се малку поголеми (9-15мм) од должината на нозете, бидејќи тоа расте постојано и да се со поширок преден дел, за да се чувствува детето удобно и слободно да се движи. 
      Детски чевли треба да се удобни и во должина и ширина - тогаш одењето на детето е природно и тоа се движи со леснотија. 
      Најдобрите детски обувки се оние кои ги следат природните движења на нозете, а не оние на кои нозете треба да се прилагодат. 
      Запомнете дека за стабилноста на детето за време на сите негови игри е неопходен флексибилен ѓон кој не се лизга. 
      Освен удобни и сигурни детските обувки треба да се "справат" со вирови, да се стабилни при трчање, скокање и качување и да ги задржуваат нозете топли и суви.

  • Спореди
    Затвори
    Отвори
    Няма резултат