• advertisement
    • Бебешки обувки

      Наменети се за децата, кои лазат,кои се соочуваат и ги прават првите обиди да проодат. Овие први обувки се исклучително лесни, флексибилни и меки.Се облекуваат лесно, поради патентот кој оди преку самиот ѓон и се најдобар избор на родителите кои сакаат ноџињата на нивните деца да се развиваат следејќи ги природните движења типични за секоја мала нога.Кожните бебешки обувки со патент и гумен ѓон се иновативен производ на Кеgи Shoes истите се анатомски, со кој проодуваат повеќе од 1/3 од Македонските деца.Истите се уникатен производ, со кој децата привикнуваат кон облекувањето за прошетка, успеваат да се движат без да се лизгаат и да ги направат првите самостојни чекори.Широката и округла предница обезбедува доволно простор за движење на прстињата и оптимална удобност на бебешките стапала. Фините материјали, од кои се изработени бебешките обувки ја штитат нежната бебешка кожа и истите не предизвикуваат алергиски реакции. Не содржат никел и хром 6. Материјалот на патентите е изработен од специјална пластика сообразена со барањата за изработка на детска стока.
      Надворешната страна на бебешките обувки е произведена од микрофибер, кој е исклучително отпорен на триење и може да биде исчистен со вода и детергент. При лазење и долготрајна употреба бебешките обувки на kegi shoes го задржуваат беспрекорниот надворешен изглед, а трагите од прашина и друг вид на дамки, може да се отстранат лесно.
      Современиот дизајн и разновидноста на модели овозможуваат оптимален избор на секој родител кој сака да обезбеди правилни обувки за првите чекори на своето дете.

       

  • Спореди
    Затвори
    Отвори
    Няма резултат